Неделен хороскоп (19.12. – 25.12.2016)

ОВЕН

Работа – Ништо не оди по планот оваа недела, но затоа вие имате план Б. Среќата е сепак на вашата страна.

Љубов – Љубовните проблеми ве мачат, затоа што не го слушавте своето срце и си игравте со туѓите чувства.

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

БИК

Работа – Морате да запнете добро и да се потрудите повеќе, доколку сакате да бидете успешни во тоа што го работите.

Љубов – Се уште имате шанси да отпочнете љубовна врска во оваа година. Недела, полна со можности.

Здравје – Повеќе вежбајте.

БЛИЗНАЦИ

Работа – Напорна недела и многу работа. Вам ви е на ум само одмор, но сепак ви е многу важно во добро светло да се покажете.

Љубов – Партнерот ви е единствен извор на сила оваа недела.

Здравје – Болки во вратот и грбот.

РАК

Работа – Се оди како што очекувавте и вие сега можете мирно да се спремате за наредната година.

Љубов – Партнерот не е расположен, но вие пуштете го, таа состојбата бргу ќе помине.

Здравје – Добро се чувствувате.

ЛАВ

Работа – Верувајте само на себе, затоа што вашиот инстикт и внатрешен глас никогаш не ве изневерил, што се однсува до деловните планови.

Љубов – Емотивна врска на хоризонтот. Една личност во униформа ви е постојано во мислите.

Здравје – Во добра кондиција сте.

ДЕВИЦА

Работа – Не знаете на која страна попрво да тргнете и што попрво да направите. Оваа ситуација на работа, за вас е нешто ново.

Љубов – Се оди по својата мирна патека, како и до сега и тоа посебно ви одговара.

Здравје – Недостаток на сон.

ВАГА

Работа – Почитувајте ги претпоставените, ниту вие ја немате целата мудрост на светот за да се ставате над нив.

Љубов – Нови ситуации на љубовното поле, се случува токму тоа од што се плашевте.

Здравје – Повеќе вежбајте.

ШКОРПИЈА

Работа – Организирани сте и затоа ги заслуживте сите бенефити на деловното поле. Само така продолжете.

Љубов – Сакате, а тоа е најважно, дури поважно од да бидете сакани – затоа што тоа ви дава посебна енергија.

Здравје – Не ви треба диета.

СТРЕЛЕЦ

Работа – Ако едниот проект пропадна, тоа не значи дека и другите ќе бидат такви, имајте поголема самодоверба во тоа што го работите.

Љубов – Емотивниот застој ве депримира. Не губете надеж, зошто никогаш не се знае. Оваа недела сте на чекор од промена.

Здравје – Јадете овошје.

ЈАРЕЦ

Работа – Тешко ви е да ја смените работата, а тоа најмногу го сакате. Ништо не е невозможно, само најдете најповолни услови.

Љубов – Во љубовта повторно ви цветаат розите, како да се мајски – во декември.

Здравје – Добро.

ВОДОЛИЈА

Работа – Досадата на работа ве заморува, па така ја губите концентрацијата и кретивноста. Најдете нова мотивација.

Љубов – Заљубени сте до уши и преубаво се чувствувате оваа недела.

Здравје – Добро се чувствувате оваа недела.

РИБИ

Работа – Сакате да ја решите моменталната финансиска ситуација, но како да не го гледате решението, кое ви е пред нос.

Љубов – Партнерот ве разбира, дури и тогаш кога вие и самите себе, не се разбирате.

Здравје – Добро.