Истражување на Би-Би-Си: Во 2016 година починаа најмногу славни личности

Ова беше посебно смртоносна година за славните личности низ светот, но дали во 2016-та заминаа повеќе познати луѓе од вообичаено?

За фановите на Дејвид Боуви, Принс, Харпер Ли, Алан Рикмен, Ненси Реган, Мухамед Али, Сер Џорџ Мартин, Викторија Вуд, Леонард Коен, За За Габор, годината беше посебно тажна.

„Би-би-си“ во април истражуваше дали има нешто чудно во невообичаениот број смртни случаи на славни личности, а задачата била да се спореди периодот од ноември до март од 2012-та до 2016 година и да се види колку познати личности умреле или загинале.

принс

Истражувањето открило голем скок, гледајќи ги само трите први месеци во годината.

Двојно повеќе познати луѓе умреле во тој период во 2016-та отколку во истиот период во 2015-та и пет пати повеќе отколку во 2012 година.

Гледајќи ја целата 21016-та, умреле или загинале 30 отсто повеќе славни од 2015 година.

До 19 декември 2016 година животот го загубиле 43 познати личности, покажало истражувањето на „Би-би-си“, пренесе „Хина“.

дејвид боуви