„Ново“ лице: Бред Пит направи пластични операции по разводот (фото)

По разводот Бред Пит е одлучен што подолго да го задржи имиџот на еден од најсексапилните актери во Холивуд.

Иако актерот неколку пати негираше дека има направено корекција на своето лице, сепак неколку светски пластични хирурзи ги проучија неговите фотографии пред и по разводот и го заклучија спротивното.

„Користел филери, ботокс, пилинг, а го корегирал и подрачјето околу очите. Иако одвнатре се чувствува уништено, не сака да допушти да личи на ништо, па барем однадвор сака да изгледа како милион долари“, открил извор за „Радар онлајн“.

бред пит лице

Откако Анџелина непријатно го изненади со одлуката за раводот и земањето на децата, Бред очигледно одлучил да ја земе судбината во свои раце.

„Лузните покрај ушите се знаци за фејслифтингот“, рекол доктор Лајл Бек.

Тој додал дека сосема е необично маж од 53 година да има толку мазно лице без ниедна брчка.

„Изгледа значајно помладо што може да се препише и на ласерските третмани како и хемиските пилинзи“, заклучил лекарот. Но, не се сите задоволни од неговиот подмладен изглед.

Пријателите на Бред се загрижиле поради пластичните операции на кои одел па го советуваат да престане да си игра со своето лице.

бред пит лице