Принцот Хари ретко зборува за смртта на неговата мајка и најтешкиот период од неговиот живот.
Но, во новиот документарец „Принот Хари во Африка“, тој открива како губењето на принцезата Дајана влијаела на неговото детство.
„Никогаш реално не се помирив со тоа. Имаше тука многу силни емоции кон мајката која влијаеше на голем дел од мојот живот, но не сакав да размислувам за таа болка порано“, вели Хари кој денес има 32-години.
Инеку, станува збор за документарец којшто го следи хуманитарното работење на Хари во Јужна Африка, но тој зборува и за својата врска со починатата принцеза Дијана и за тоа како закрепнувал од губитокот.
„Сега имам поинаков поглед на сè. Порано ќе ја втурнев главата во песок и само чекав сè да се распадне“, изјавил принцот.
Тој ќе каже дека никогаш не ја преболел смртта на неговата мајка, но тоа го научило со ситуациите во животот да се соочува директно и да се бори со своите тешки денови.