Кралицата Елизабета ја одобри врската на Хари и Меган

Kралицата Елизабета Втора, официјално го даде своето одобрение и благослов за врската помеѓу нејзиниот внук, принцот Хари и американската актерка Меган Маркл.

Според извори од Бакингемската Палата, таа потполно ја поддржува оваа врска и е среќна што Хари пронашол вистинска љубов, иако кралицата Елизабета сеуште ја нема запознаено идната снаа.

Меган Маркл веќе се запозна со братот на Хари, принцот Вилијам, а и со нивниот татко, принцот Чарлс, на кого изворите велат дека Меган му оставила многу добар впечаток. Таа сеуште се нема сретнато со Кејт Мидлтон, но велат дека Кејт едвај чека да ја запознае Меган.

принц хари и меган маркел