Бред Пит го прослави 53-тиот роденден со пријателите

Познатиот холивудски актер Бред Пит наполни 53 години и го одбележа настанот со скромна прослава.

Според извор близок до ѕвездата, тој ја поминал вечерта во друштво на неколку блиски, стари пријатели.

“Тој не сакаше да го слави својот роденден надвор во модерни ресторани”, додал изворот.

Бред Пит

Тој, наводно, не се видел со своите деца за празникот.

Тој доби право на средби со нив, откако неговата сопруга Анџелина Џоли поднесе барање за развод, а главна причина за тоа е конфликт на Пит со најголемиот син Медокс.

“Неговиот главен фокус во моментов е работата врз себе и работа на обновување на врската со деца”, вели изворот.

анџелина џоли и бред пит