Преубавата Моника Белучи моментално престојува во Москва, каде што со Емир Кустурица и Слобода Миќаловиќ ја очекува премиера на филмот „На млечниот пат“.
Но, во руската престолнина се случи мал инцидент.
Пред хотелот во којшто престојува Моника ја дочекале новинари и фотографи, но не успеале ниту на автомобилот да му пријдат, освен еден човек со фотоапаратот.
Обезбедувањето грубо реагирало кон фотографите со кои влегле во конфлик, а настанала и физичка пресметка.
Мешаницата за кратко завршила, а Белучи успеала да влезе во хотелот.