Состојки:
400 гр пилешки гради
3 главици кромид
3 чешниња лук
3 пиперки
3 домати
400 гр печурки
2 супени лажици маслиново масло
сол и бибер
магдонос
300 гр варен компир
чили
кари
Подготовка:
Кромидот исецкајте го на кругови, а белото месо на коцки. Загрејте го маслиновото масло и пропржете ги заедно. Пиперката исецкајте ја на кругови, ставете ја во тавата.
По 10 минути додадете го доматот сецкан на коцки. Додадете ги и ситно исецканите печурки. На крај додајте го лукот и зачинете по потреба.
Послужете го со варен компир.