Шри Ланка го надмина светскиот рекорд за највисока вештачка елка, иако доцнењето на изградбата ги принуди организаторите да ѝ ја скратат структурата за половина.
Крикет легендата Арџун Ранатунда ја иницираше изградба на дрвото рекордер во главниот град Коломбо, но наиде на отпор од страната на католичката црква, која вели дека е подобро предвидените средства да бидат потрошени за добротворни цели.
Во моментов дрвото е високо 57 метри или за 2 метри повеќе од претходната највисока вештачка елка, подигната во јужната кинеска провинција Гуангжу минатата година.