На познатиот актер му останува уште една недела живот

Пријателите на Вал Килмер, кој на 31 декември треба да наполни 57 години, тврдат дека познатиот актер е тешко болен и дека за него ова би можело да биде последен Божик.

Иако, Килмер ги негираше тврдењата на колегата и пријател Мајкл Даглас дека боледува од рак на грлото, неговите блиски велат дека здравствената состојба на актерот е речиси безнадежна.

вал килмер

„Тој се обидува сите да не увери дека е добро, но нам ни е јасно дека не е така. Состојбата многу се влошува“, тврди еден од неговите пријатели.

Актерот наводно веќе едвај зборува, а изворот за „Радар Онлајн“ тврди дека е прашањето дали Килмер „ќе го доживее крајот на јануари“.

Додека Килмер се обидува да ја сокрие својата состојба од јавноста, неговата мајка изјави дека наместо со медицина, тој ќе се лекува молитва.

вал килмер