Состојки:
1 лимон
1/2 чаша супа од говедско месо
3 лажици соја сос
2 лажички пченкарно брашно
1 лажица масло
450гр говедско месо, исечени на коцки
350гр печурки, преполовени или исечкани на ливчиња
1 чаша дијагонално исечени моркови
2 чаши грашок
1 куп младо кромитче, исечкано и белите и зелените делови поделени
1 лажица сецкан лук
Подготовка:
Изрендајте 1 лажичка кора од лимон и оставете го на страна. Сокот од лимонот измешајте го со 3 супени лажици говедска супа, соја сос и пченкарнo брашно во мал сад.
Загрејте го маслото на средна температура. Додадете го говедското и гответе, мешајќи повремено, додека да се свари, 4-5 минути. Префрлете ги состојките во тавче, без говедското. Додадете ги печурките и морковите во тавата и варете додека морковите не омекнат, околу 5 минути. Додадете го грашокот, белите делови од кромидот, лукот и кората од лимонот. Гответе мешајќи не повеќе од 30 секунди, па додадете го остатокот од супата и гответе уште 2-3 минути дури смесата не се згусти. Конечно додадете го говедското и зелените делови од кромидот. Гответе уште неколку минути.
Се служи топло.