Романтично запросување во Рим: Серена Вилијамс кажа „ДА“

Една од најуспешните тенисерки во историјата, Серена Вилијамс се вери со основачот на социјалната мрежа „Редит“, Алексис Оханијан.

„Дојдов дома, малку подоцна од вообичаено. Ме дочека спакувана патничка торба и автомобил што ме одвезе до аеродром. Дестинација: Рим. Таму со придружба ме однесоа до мојот сакан. До местото каде што прв пат се сретнавме. До истата маса каде што случајно се видовме, клекна на едно колено и изговори четири збора. Реков ДА!“, напиша Серена за запросувањето.

серена вилијамс веридба

Алексис на постот и коментирал дека го направила најсреќниот маж на светот.

серена вилијамс веридба

„УС Викли“ уште во октомври 2015 година објави сторија дека Оханијан и Вилијамс се заедно, но после тоа не се зборуваше многу за нивната врска.

Сега одлучија со цел свет да споделат колку се среќни.

серена вилијамс веридба