Сер Елтон Џон му оддаде почит на неговиот починат пријател Џорџ Мајкл.
Британскиот музичар тоа го направи на концерт во Лас Вегас, каде го изведе нивниот дует од 1990-та година „Don’t Let the Sun Go Down on Me“.
„Посакувам Џорџ да беше тука да ја испее со мене оваа песна“, изјави Елтон Џон пред изведбата.
Со солзи во очите тој го испеа големиот хит кој му го посвети на Џорџ Мајкл, додека и публиката едвај ги задржа емоциите.