Состојки:
октопод (околу 2 кг)
чили во прав
2,5 чаши бело вино
1 чаша маслиново масло
6 ловорови ливчиња
9 чешниња лук
2 средно големи главици кромид
малку свеж коријандер
1/2 лажиче сол
5 поголеми компири
Подготовка:
Убаво измијте го октоподот. Ставете го во тава за печење и полејте го со маслиново масло, бело вино, ловорови листови, коријандер и крупно насецкан кромид. Посипете со чили во прав и сол и полејте со вода.
Тавата за печење покријте ја со алуминиумска фолија и ставете да се пече на 180 целзиусови степени околу 50 минути. Потоа извадете ја од рерна, тргнете ја фолијата, додадете ја втората главица кромид и лукот и вратете ја во рерна да се допече на 200 целзиусови степени околу 40 минути.
Компирите неизлупени сварете ги во солена вода. Кога ќе бидат варени излупете ги и послужете ги со печениот октопод. Одозгора посипете со ливчиња коријандер.
Совет: Ако повеќе сакате печен компир, тогаш не го варите туку излупен и исецкан ставете го да се пече во тавата заедно со октоподот.
Забелешка: За поедноставно и побрзо подготвување на октоподот користете смрзнат и исчистен, инаку ќе треба да го удирате за да омекне и да го исчистите.