Пејачот Адам Лeвин, член на познатата група „Maroon 5“ наскоро ќе биде почесен со ѕвезда на Булеварот на славните.
Фронтменот на групата „Maroon 5“ и долготраен учесник во музичкото шоу „Тhe Voice US“ ќе ја добие 2601-вата ѕвезда на 10 февруари.
„Фанови од целиот свет одамна не прашуваат кога ќе биде настанот. Тој се приближува. Ги повикуваме фановите да ни се придружат, за да го чујат гласот на Левин“, додаде организаторката на манифестацијата.