Британската пејачка Адел е двоен добитник на музичките награди на „BBC“.
Таа освои признание за албум и песна на годината. Нејзниот албум „25“ е прогласен за најдобар, додека, песната „Hello“ е прогласена за песна на годината според радиото 2 на „BBC“.
Роби Вилијамс ја презема наградата во нејзино име, читајќи порака во која Адел истакнува дека се чувствува по малку лошо што ја освоила наградата толку време после објавувањето на албумот.