Адел има таен Твитер профил од кој пишува твитови

Пејачката Адел, која во моментов е на турнеја низ Австралија, случајно открила дека има таен профил на Твитер.

На концерт во Бризбејн пејачката го коментирала својот таен профил, велејќи дека нејзиниот менаџмент не знае дека воопшто постои.

„Бев на Твитер минатата вечер. Тие не знаат дека имам таен налог. Очигледно сега знаат, бидејќи кажав. Под „тие“ мислам на мојот менаџмент“, објаснила Адел.

Адел

Причината заради која пејачката има таен профил е што не и дозволувале да пристапи кон сопствениот профил на Твитер зашто често знаела да каже погрешни работи, така што и ја одземале таа привилегија.

Пејачката објавила дека и забраниле пристап до сопствениот профил поради „пијани твитови“.

Адел