Како на филм: Адел ја скрши „Греми“ статуетката и половина и даде на Бијонсе

На синоќешното доделување на Греми наградите, Адел победи во категоријата „Албум на годината“ победувајќи ја Бијонсе.

Но, кога пејачката се појави на сцената, таа реши да ја подели статуетката со Бијонсе буквално, па ја скрши на половина.

„За мене албум на годината е „Lemonade“, па дел од мене умре – како фан на Бијонсе. Едноставно не можам да ја прифатам оваа награда, јас сум многу благодарна за истата, но Бијонсе за мене е победник“, беше дел од говорот на Адел.

За да потврди дека го мисли оваа таа ја скрши статуетката и еден дел и даде на Бијонсе која ја слушаше со внимание и насолзени очи.