Адел оргинално го прослави својот 30-ти роденден (ФОТО)

Адел наполни 30 години за време на викендот и го прослави својот роденден прилично гламурозно. Темата на големата забава била „Титаник“, а самата пејачка била облечена како Роуз – хероината на Кејт Винслет од истоимениот филм.

Од фотографиите кои ги објавува во Инстаграм гледаме дека доста личи на Роуз – со истата фризура, фустан и дури појас за спасување.

Адел, која никогаш не криела дека е голема фан на филмот, напиша под сликите: „Не знам што ќе правам во наредните 30 години, но досега сум била повеќе од благословена. Тоа беше најголемата ноќ во мојот живот. Јас сум збунета, не сум сигурна дека некогаш ќе можам повторно да излезам од дома“.

Пејачката се заблагодари на пријателите и роднините, како и на сите кои биле со неа во последните 11 години.

На забавата присуствувале Ален Кар, Сем Тејлор-Џонсон, Арон Пол, Марк Ронсон итн.