Адел потврди дека е омажена (видео)

Иако со месеци се шпекулираше дека Адел се омажила, тоа сега е и потврдено!

На концерт во Бризбејн, Австралија, пејачката синоќа ја сподели убавата вест.

„Чувството кога за првпат се вљубуваш во некого, е најголемото чувство на светот. Очигледно не можам да го доживувам одново и одново, бидејќи веќе сум мажена. Пронајдов нов човек“, изјави Адел, пред да ја изведе баладата „Someone Like You“.

Пејачката неколку години беше во врска со Сајмон Конецки со кого го има 4-годишниот син Анџело, а второто дете е веќе на пат.