Адриана Лима има ново момче, турскиот писател Метин Хара, но зад нивната врска очигледно се крие неверојатна приказна.
Медиумите се погласно пишуваат дека станува збор за лажна врска.
Според нив се е добро организирано за да се промовира новата книга на писателот, а Лима се согласила на оваа „игра“ бидејќи продуцентот на Метин е нејзинин близок пријател на кој таа должи голема услуга.
На оваа приказна се надополнува и тоа што моделот прво беше на одмор со бившиот сопруг, Марко Јариќ, за неколку дена подоцна да почне јавната врска со Метин.
Дали во ова има вистина останува да видиме.