Адриана Лима е во врска со спортистот Џулиен Еделман, а папарацо фотографиите го потврдуваат тоа.
На нив, Лима и Еделман фатени за раце уживаат во релаксирана прошетка во Масачусетс.
Според анонимни извори, Адријана и Џулиен се запознале преку заеднички пријатели во Мајами на почетокот од овој месец.
Само за потсетување, атрактивниот ангел на Victoria’s Secret неодамна ја прекина својата врска со борачот Џо Томас.
Лима претходно беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ, со кого има две ќерки – Валентина и Сиена.