Адриана Лима реши да сподели неколку приватни фотографии од роденденот на нејзината ќерка Сиена.
4-годишната славеничка позира со поголемата сестра Валентина, додека на останатите се гледаат тортата и декорациите инспирирани од хитот на Дизни – „Малата сирена“.
„Пред 4 години се роди најслаткиот ангел, моето сонце, мојот живот, моето срце, моето се. Мама и Валентина те сакаат многу. Ние сме благословени што те имаме во нашите животи. Те сакаме Сиена“, напиша Лима под постара фотографија со која и го честиташе роденденот на ќерката.