Ако принцот Хари се ожени за Меган Маркл, кралицата Елизабета нема да дојде на свадбата

И додека целиот свет воодушевено ги следи новостите за третата бременост на Кејт Мидлтон, за принцот Хари се помалку се зборува.

Сепак неговиот љубовен живот подеднакво е интересен посебно неговата девојка, Меган Маркл.

И додека принцот не зборува за неговата врска, во есенското издание на „Vanity Fair“, актерката открива детали од истата.

„Ние сме двајца кои се сакаат и се среќни заедно. Тоа е многу едноставно. Нормално дека има предизвици на кои не сум навикната, но имам подршка од пријателите и семејството. Таблоидите не ги читам и не знам што се пишува, па од таа страна сум многу мирна“, вели Меган.

Инаку се погласни се шушкањата дека актерката може да стане новиот член на кралското семејство, иако во тој случај, кралицата Елизабета нема да присуствува на венчавката бидејќи Меган е разведена.