Ако ве интересираше што ќе се случи ако згазите во лава, еве го одговорот (видео)

Алекс Ривест е невролог, фотограф и авантурист кој даде одговор на прашањето:

Што би се случило ако згазите вулканска лава?

„Многумина лавата ја замислуваат како супстанца слична на водата. Но, во езеро од лава, не би можеле никогаш да пропаднете како во безен со вода, затоа што растопените карпи создаваат густа маса. Во контакт со лавата само благо би потонале и потоа би изгореле“, објаснува Ривест.

Ривест видео записот од својот екперимент го направил за време на неговиот престој на Хаваите, каде што го фотографирал истекувањето на лава од вулканот Килаујеа,

На оние кои би сакале да го повторат неговиот потег тој им препорачува да не го прават тоа бидејќи тоа го прават само професионалци.

Дали знаете сами да ја процените вашата вредности или пак чекате некој друг да го направи тоа за вас, а вие само се поистоветувате со туѓиот заклучок? Доколку имате проблем со самопочит и самодоверба, ова е вистинската приказна за вас.

Еден ден момчето го запрашало учителот колкава е неговата вредност и како се мери тоа.

Учителот му подал еден камен, му рекол да оди на пазарот и да го изложи и ако некој праша колку чини каменот, да не зборува ништо, туку само да подигне два прста, да чуе што ќе му понуди купувачот и потоа да се врати кај него сосе каменот.

Момчето отишло на пазарот и го изложило каменот. Дошла една жена и прашала колку чини каменот, затоа што баш таков камен ѝ треба за во дворот.

Момчето молчејќи дигнало два прста и таа му рекла дека е во ред и дека ќе му даде две бакарни парички за каменот.

Тоа трчајќи се вратило кај учителот и му раскажало што се случило. Учителот на тоа му рекол сега да оди во блискиот музеј и да го изложи каменот и исто така да не зборува, туку на секоја понуда да дигне два прста.

Момчето го изложило каменот во музејот и набргу се појавил човек кој прашал колку чини, на што момчето молчејќи дигнало два прста.

Човекот рекол дека се согласува да ја плати бараната сума од двесте златници за да го купи каменот.

Момчето пак со трчање се вратило кај учителот и возбудено раскажало што се случило.

Учителот му рекол сега да отиде во продавницата за скапоцени камења и таму да го повтори истото.

Момчето веднаш отишло и му го покажало каменот на сопственикот на продавницата за скапоцени камења.

Човекот се возбудил, го прашал од каде му е каменот и дека тој мора да го има и дека би платил за него колку што ќе му побара момчето. Мочето на тоа молчејќи подигнало два прста и човекот рекол дека веднаш ќе му донесе од касата двеста илјади златници.

Момчето трчајќи избегало од дуќанот и го вратило каменот кај учителот, со најголема возбуда раскажувајќи за неверојатната случка во продавницата за скапоцени камења.

Тогаш учителот му кажал:

– Дали сега ја знаеш својата вредност? Како што гледаш, не е важно од каде доаѓаш, каде си роден, бојата на твојата кожа, дали си роден богат или сиромав.

Важно е само каде и како ќе одлучиш да се поставиш, со какви луѓе ќе се опкружиш и како ќе му се претставиш на светот околу тебе.

Можеш да го проживееш целиот живот мислејќи за себе дека си камен од две бакарни парички, затоа што си се опкружил со луѓе неспособни да ја согледаат твојата вистинска вредност и те гледаат токму така, како две обични бакарни парички, со тоа присилувајќи те да имаш прениско мислење за себе.

Но, запомни – секој од нас во себе носи скапоцен камен и секој од нас има можност да одбере да се опкружи со луѓе кои ќе ја забележат нашата вредност и ќе го видат скапоцениот камен во нас. Ние сме тие што ќе одлучиме дали ќе се ставиме на пазарот или во продавницата за скапоцени камења. Мудро бирај ги луѓето околу себе, тоа ќе направи да разбереш колкава е твојата вредност.