Акробат ја испушти сопругата од трапез, публиката во шок (видео)

Жирито и публиката на шоуто „Америка има талент“ се шокираа кога настапот на еден брачен пар тргна на лошо.
Натпреварувачите изведуваа вежба на трапез, но акробатот случајно ја испушти својата сопруга Меги.
Тој се обидеда ја фати при падот барем за ногата, но не успеа и таа падна на сцена.
Во публиката беа присутни и мајката на Мери со нивното двегодишно синче, кои многу се исплашија.
За среќа, немаше никакви последици за Мери, бидејќи падна на заштитен сунгер. Таа веднаш стана и сите почнаа да ракоплескаат.