До неодамна холивудската актерка Сандра Булок беше лудо вљубена во Брајан и двајцата дури планираа свадба на пролет.
Сепак, се открило дека тој имал проблеми со алкохолот во минатото и тоа ја натерало Булок да се премисли.
“Сите нејзини пријатели постојано ѝповторуваат дека нема причина да брза со венчавката, особено сега откако излегоа некои работи од минатото на Брајан. Сенди веќе си ги отвори широко очите и не е заслепена од љубов како порано. Таа дефинитивно ќе ги запре сите планови и подготовки за свадбата, додека се убеди дека Брајан е човекот со кого сака да го помине остатокот од животот “, изјави извор за RadarOnline.