Алесандра Амбросио опуштена во јавност по разделбата од вереникот (фото)

Ангелот на „Vicotia’s Secret“, Алесандра Амбросио се раздели од милионерот Џејми Мазур по 10 години врска, веридба и две деца.

Парот не го соопштува деталите за нивната разделба, но велат дека ќе останат добри пријатели поради нивните деца, ќерката Ања Луис и синот Ноа Феникс.

По оваа вест, Алесандра беше забележана во Лос Анџелес.

36-годишниот модел замина на час по јога, а нејзиното опуштено издание беше првото јавно појавување по разделбата.