Амал Клуни е доказ дека на премиера може да се дојде и во фустан за на плажа

Понекогаш се прашуваме како и успева да биде успешна адвокатка и секогаш да е скоцкана од глава до пети, плус е мајка на близнаци.

Со секое свое појавување таа успева да ги натера медиумите за неа да пишуваат со денови, па ништо поинаку не беше и овој пат.

Амал заедно со Џорџ Клуни се појави на премиерата на филмот „Suburbicon“ во режија на нејзиниот сопруг.

На црвениот, односно зелениот тепих адвокатката се појави во „лесен“, опуштен долг фустан.

Кројот на сино-белиот фустан потсетуваше на лето и комбинација која без сомнение би ја носеле на плажа.

Но, Амал е единствената која и со ваков фустан изгледа гламурозно и отмено.