Веќе неколку месеци се шпекулира дека Амал и Џорџ Клуни конечно ќе станат родители.
И додека двојката периодов ретко ја гледаме во јавност, сепак во понеделникот се појавија во Лондон.
За ова појавување Амал се одлучи за кратко цветно фустанче кое ги собра сите погледи.
И по фотографиите кои се појавија во јавност од настанот, сите зборуваат за заобленото стомаче на адвокатката.
Дали навистина станува збор за бременост или едноставно фустанот е таков останува да пресудите сами.
Парот досега не даде било каква изјава за ситуацијата.