Џорџ Клуни открива дека неговата сопруга Амал никогаш нема да му прости доколку замине и биде дел од „хуманитарните Оскари“ во Арменија.
Строгата адвокататка има добра причина за своето однесување, бидејќи парот очекува да ги добие близнаците многу наскоро.
56-годишниот Клуни во видео порака објави дека мора да ја прескокне оваа година, поради приновата во семејството која се очекува следниот месец.
„Ако дојдам во Арменија, а мојата сопруга се породи со близнаците, тогаш ќе немам каде да се вратам дома“, се пошегува актерот.
Инаку тој е ко-основач на Aurora Prize на годишната церемонија Awakening Humanity.