Амбер Хaрт повикала полицијаоткако нејзиниот сопруг, актерот Џони Деп ја прекршил забраната за доближување која ја поднесе против него откако побара развод.
Како што пренесува „TMZ“, Џони наводно ја испратил својата екипа за да ги земе неговите работи од домот во Лос Анџелес кој сопружниците до неодамна го делела, а Амбер тоа го видела како кршење на забраната, па повикала полиција.
Судот и одобри на Амбер барање за забрана за приоѓање, според која актерот не смее да и пријде поблиску од 100 јарди, односно околу 90 метри.
Сепак во судскиот налог му е дозволено да го собере сиот свој имот и приватните предмети од нивниот дом, до следното сослушување кое е закажно за петок.
Извори велат дека Деп го зел речиси целиот мебел, и дека Амбер се побунила поради тоа што однел повеќе од своите работи.
Двојката која од пред неколку недели е во бракоразводна парница, заедно беше 15 месеци, а наводната причина е физичко наслство од страна на Џони Деп.