Легендарниот актерот Морган Фримен ќе додаде уште едно признание во својата колекција, објавија Асошиејтед Прес.
Американската асоцијација на пензионерите ќе му врачи на актерот награда за сеопфатна филмска кариера.
79-годишниот актер веќе доби слична наградаод Американскиот филмски институт, наградата „Сесил Б. де Мил“ и Национален медал за уметност од претседателот Барак Обама.
„Кога си на одредена возраст и си постигнал некакви успеси, наградите почнуваат да паѓаат од небото“, прокоментира Фримен.
Наградата ќе му биде врачена на специјална вечера на 6 февруари следната година во Беверли Хилс.