Анџелина Џоли и Бред Пит се договорија: Кој го доби старателството над децата

По два месеци откако објави дека се разведваат, Анџелина Џоли постигна договор со Бред Пит.

Актерката го задржа правото на целосно старателство над нивните шест деца, изјави денес претставникот за јавност на Џоли.

Во спогодбата, исто така, се наведува и дека децата, од осум до 15-годишна возраст, ќе продолжат со „терапевтските посети“ кај Бред Пит.

анџелина џоли и бред пит

Договорот е постигнат пред една недела во консултации со социјалните работници.

Анџелина поднесе барање за развод од Бред во септември, неколку дена откако актерот бил вклучен во физички конфликт со семејството.

Разводот го поднела поради „добробит на семејството“, а како причина навела „непремостливи разлики“ со сопругот.

Анџелина Џоли, Бред Пит и нивните деца