Имотот „Миравал“ на Бред Пит и Анџелина Џоли во јужна Франција го произведе своето прво маслиново масло, соопшти АФП.
Актерите нема да продаваат „Шато Маравал“ и покрај разводот.
Во него тие се венчаа во 2014 година, и веќе произведуваат розе вино „Брегот де Прованс“, кое е барано во САД.
Во него има и големи тераси со маслинки, засадени пред 12 години.
Од нив се произведени 10 000 шишиња по 500 мл маслиново масло, a тие се пуштени во продажба од овој месец.
Цената на шише маслиново масло е 29 евра за половина литар.