Разводот на славниот холивудски пар Анџелина Џоли и Бред Пит и понатаму е во центарот на вниманието.
Поранешната двојка неколку недели по разводот ја користи секоја прилика да си наштетатт еден на друг, а најсилниот удар дефинитивно го зададе Анџелина.
Имајќи предвид дека децата останаа да живеат со неа, таа решила да му го уништи овој Божиќ.
Бред барал дозвола претстојниот празник да го помине со нивните шест деца, што му е и овозможено, но само на четири часа.
Анџелина, која со децата живее во изнајмена куќа на плажа во Малибу, му порачала на Бред дека може утрото да ги донесе божикните подароци, но дека мора да го напушти имотот во раните попладневни часови.