На интервју со дедо на ретро муабет овојпат го седнавме македонскиот пејач Андреј Ѓеорѓиески, познат како Андреј ДНК.
Дедо го врати пејачот низ годините прашувајќи го за неговиот дедо, а тој со насмевка раскажуваше за убавите спомени.
Внукот кој уште од мали нозе е вљубен во музиката, концизно и со кратки одговори му раскажа на дедо по што го памти својот дедо, каков бил и убавите спомени кои му останале од него.
Погледнете што шегобиецот му раскажа на дедо.
ДЕДО: Внучко опиши го својот дедо со три зборови:
Андреј: Дедо, тој беше ќелав со косица од страна и големи бркови.
ДЕДО: Внуче, што те научил твојот дедо, а до ден денес го практикуваш?
Андреј: Искрено дедо ми ме научи како да го негувам големиот брк.
ДЕДО: Кажи ми внуче кој е твојот омилен спомен со твојот дедо?
Андреј: Омилен спомен од дедо ми, ми е сукалото кое ми го остави со кое го тепаше баба ми.
ДЕДО: Внучко имаш ли некаков аманет од твојот дедо?
Андреј: Искрено во аманет ми остави пиење на пиво.
Дедо извини што не најдов фотографии со мојот дедо, но единствената која ти ја дадов потврди дека навистина си личиме. Нели ?