Иако се шпекулираше дека Антонио Бандерас имаше проблеми со здравјето, оваа состојба никогаш не беше потврдена ниту негирана од страна на актерот.
Но, 56-годишниот Бандерас реши сите да ги шокира коа призна дека на 26-ти јануари оваа година имал срцев удар.
Актерот раскажа дека му биле вградени два стента и дека не е ништо страшно, а тој сега се чувствувал одлично.
Бандерас оваа информација ја сподели вчера на филмскиот фестивал во Малага на југот на Шпанија каде прими награда за животно дело како актер, режисер и продуцент.