Еден месец откако нејзиниот бивш почина од предозирање со наркотици, Аријана Гранде ја раскина веридбата со Пит Дејвидсон.
Прерано се одлучија, а многу нешта се случија во меѓувреме! Никој не е изненаден од оваа вест – изјавил пријател на Аријана за магазинот Пипл.
Пејачката неодамна изјави дека се боти со анксиознот и посттрауматско пореметување по терористичкиот напад на нејзиниот концерт во Манчестер, минатата година каде животот го загубија дваесетина нејзини фанови.
Гранде изјави дека ќе се повлече од јавноста некое време, а сеуште ги нема потврдено гласините за раскинувањето на веридбата.