Арнолд Шварценегер сака да биде во центарот на вниманието, но овој пат „светлото“ му го украде Папа Францис.
Актерот вчера се запозна со папата откако присуствуваше на неговата миса во Ватикан.
Арнолд му се претстави на Папа Францис со кој имаше краток разговор, а според изразот на нивните лица и двајцата уживаа во средбата.