Веќе е докажано дека таканаречените асимптоматски луѓе страдаат од последици од инфекција со коронавирусот, нивниот организам е нападнат и може трајно да се оштети без тоа лицето дури и да го знае тоа – тврди д-р Бурони.
Не мора да значи дека некој што нема симптоми од инфекцијата со ковид-19 е здрав, рече италијанскиот имунолог Роберто Бурони, во написот за медицинското списание „Medical Facts“.
Тој потсетува дека е слично и со други болести. На пример, луѓето кои заболуваат од рак, дијабетес, глауком, СИДА и други, често, а особено во почетната фаза, немаат симптоми на болеста, што не значи дека некој е здрав.
– Веќе е докажано дека таканаречените асимптоматски луѓе страдаат од последици од инфекција со коронавирусот, нивниот организам е нападнат и може трајно да се оштети без тоа лицето дури и да го знае тоа – тврди д-р Бурони.
– Исто така, луѓето кои немаат јасни симптоми на инфекцијата со ковид-19 се во можност да заразат други и тоа е еден од проблемите со коронавирусот. Тој брзо се шири, во случај кај асимптоматските е незабележано, и толку повеќе е поопасно – додаде тој.