Кој е вистинскиот татко на Принцот Хари: Љубовникот на Принцезата Дијана ја откри вистината

Поранешниот љубовник на принцезата Дијана, Џејмс Хјуит за австралиска телевизија даде одговор на прашањето кое со години ја интригира јавноста.

Многумина тврдат дека Хјуит е вистинскиот татко на Принцот Хари, а на него му е навистина жал што принцот морал да живее со тие гласини.

На прашањето на новинарот дали тој е вистинскиот татко на Хари, Хјуит одговорил: „Не, не сум!“.

Џејмс Хјуит

Принцезата Дијана имала петгодишна врска со Хјуит кој и бил професор по јавање.

Таа во 1995-тата година признала дека биле во врска и дека била заљубена во него.

„Дијана беше посебна. Во неа можете толку лесно да се заљубите и мислам дека секој би ме разбрал и би ми простил поради тоа.“, изјавил Хјуит.

Тој и порано негирал дека му е татко на Хари објаснувајќи дека Принцот бил роден пред тој и принцезата да бидат во врска.

Дијана