Автомобил вреден 100.000 евра: Елена Велевска и Јелена Карлеуша возат исто „мече“

Елена Велевска е една од најплатените и најбараните пејачки во Македонија, но и дијаспората.

Таа секогаш скоцкана од глава до пети во скапи и брендирани парчиња, а нејзиниот возен парк е вреден околу 100.000 евра.

Кога се автомобилите во прашање, Елена е вљубеник во марката „Мерцедес“, а пред неколку дена на Инстаграм се појавија фотки на кои позира со еден од најновите модели на овие автомобили.

Автомобилот со кој позира пејачката изнесувам минимум 100.000 евра, односно неговата основна верзија.

Само за потсетување, Јелена Карлеуша доби ист автомобил, подарок од нејзиниот сопруг.