Кабриото “Ауди” од 1994 година, кое било сопственост на принцезата Дијана, е продадено на аукција во Велика Британија за околу 68. 000 американски долари.
Името на новиот сопственик не е откриено.
Автомобили на јавни и познати личности често се нудат на аукција.
Во ноември 2015 година “Сотби” го понуди за продажба Поршето на Џенис Џоплин, што беше оценето на 400. 000 долари.