Автомобилот во кој е убиен познатиот рапер Тупак Амару Шакур е понуден на продажба за 1,5 милиони долари.
Аукциската куќа „Монјументс ин тајм“ од Калифорнија на својот сајт огласила дека е на продажба автомобил „БМВ“ од 1996 година.
Возилото било во сопственост на продуцентот Шуга Најтс.
Тупак бил со Најтс во автомобилот во Лас Вегас кога на нив биле испукани 13 куршуми.
Раперот починал од здобиените повреди шест дена подоцна.