Бабички во самоизолација, од залихи имаат само вино!

Три пријателки, пензионерки од Англија, загрижени како ќе поминат во самоизолација поради пандемијата на корона вирусот, решиле да живеат заедно,со цел за да побегнат од самотијата со која се соочуваат милиони луѓе ширум светот, пренесува Би Би Си.

Долгогодишните другарки Керол, Дорин и Доти се договориле дека ќе живеат заедно откако секоја од нив ќе помине самоизолација од седум дена.

Ова трио бабички се само дел од илјадниците пензионери кои владата на Англија ги советуваше да се изолираат до три месеци.

Дорин, Доти и Керол откриле дека заедно ги поминале сите кавги и разводи а сега се пред одлука во која куќа ќе живеат откако ќе заврши самоизолацијата. Бабичките признале дека се љубителки на вино и дека добро се обезбедиле, но и дека избегнуваат панично купување во маркетите.

Овие бабички се токму она што во моментов им треба на сите, тоа е малку ведрина во низата лоши и тажни вести кои стигнуваат од сите краишта на светот.