Бабина ледена торта

Состојки: 
Пандишпан
3 јајца
3 големи лажици шеќер
2 1/2 големи лажици брашно
1 голема лажица какао
1/3 мала лажица пециво
1 ванила
Прстофат сол
Крем
750 мл. млеко
3 пакетчиња пудинг ванила
6-7 големи лажици шеќер
130 гр. путер
150 гр. желе бонбони
По 30 гр. бело, млечно и темно чоколадо

Подгответе го на следниов начин:

1. Во еден сад се ставаат брашното, какаото, пецивото и солта и се промешува.
2. Јајцата се матат со шеќерот и ванилата до добивање на густ крем.
3. На јајцата му се додава смесата со брашно и се мати да се соедини.
4. Смесата за пандишпан се става во тавичка (20 на 25 сантиметри) со хартија за печење и се става во загреана рерна на 180 степени за 10-15 минути.
5. Готовиот пандишпан се става врз влажна крпа и се става во калапот за да се олади и да ја добие формата на самиот калап.
6. Калапот треба да биди прекриен со фолија за полесно да се извади тортата.
7. 500 мл. од млекото се става на оган заедно со шеќерот.
8. Останатите 250 мл. млеко се ставаат во еден сад и му се додаваат пудинзите.
9. Кога млекото се загрее му се додава смесата од пудинг и млеко, се меша постојано за да не се направат грутчиња.
10. Пудингот се остава да се олади целосно, за да не фати коричка ми се става фолија или кеса врз самиот пудинг и така се остава да се олади.
11. Путерот се мати пенесто и постепено му се додава пудингот, се мати до соединување.
12. Желе бонбоните се сечкаат на парченца, исто така чоколадата се сечкаат на парченца.
13. Во кремот се додаваат чоколадото и желе бонбоните и се промешува.
14. Кремот се става во калапот со пандишпан и така подготвена тортата се става во замрзнувач за најмалку 5-6 часа.
– Се сечи и се сервира замрзната или средно замрзната.