Поранешниот претседател на САД Барак Обама и неговата сопруга Мишел одмараат на Карибите, на приватниот остров во сопственост на милијардерот Ричард Бренсон.
Семејството пристигнало на островот уште пред една недела, а во јавноста излегоа и фотографии на поранешниот шеф на државата со бејзбол капа и темни очила.
Се истакнува дека поранешниот претседател не планира да се враќа во САД и да учествува во протести против декретот на новиот претседател Доналд Трамп и беспомошната политика против имигрантите.
На 31 јануари стана јасно дека Обама ги поддржува протестите против својот приемник и изјави дека граѓаните кои учествуваат во демонстрациите го остваруваат своето уставно право на избор.
Поранешниот претседател истакна дека одлуката на Трамп за ограничување на имигрантите, особено примањето на бегалци претставува опасност за американските вредности.