Српскиот актер Велимир Бата Живоиновиќ поради влошената здравствена состојба пред неколку дена беше хоспитализиран во Ургентниот центар во Белград.
Како што пренесуваат српските медеиуми, актерот иако имал проблем со гангерна, а тим на лекари донеле одлука да му ампутираат еден дел од едната нога.
По некое време Бата бил тргнат од апаратите за дишење и почнал самостојно да дише. Сепак лекарите се уште не му соопштиле дека ногата му е ампутирана.
Неговото семејство постојано е покрај него, и се надеваат дека наскоро ќе закрепне.
„Бата е добро. Неговата состојба е стабилна и чекаме да видиме како ќе тече понатамошното закрепнување“, изјавила неговата ќерка Јелена.