Бата Живојиновиќ почина во понеделникот, по тешка битка со гангрената на левата нога.
Легендарниот актер сеуште не е погребан, но најверојатно погребот ќе се одржи утре според пишувањата на српските медиуми.
Бата ќе биде погребан до неговиот голем другар Драган Николиќ во Алејата на великаните во Белград.
На српските гробишта денес се расчистува теренот, се коси тревата бидејќи на погребот е најавено дека ќе присуствуваат голем број важни личности, актери, политичари и спортисти кои го почитуваа ликот и делото на Бата.